Американскиот претседател Доналд Трамп ја нападна НБА ѕвездата Леброн Џејмс, навредувајќи ја неговата интелигенција, еден ден пред да неговиот митинг во Охајо, родната држава на кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс.
Трамп на Твитер го искоментира интервјуто на Леброн Џејмс со водителот на „Си-Ен-Ен“ Дон Лемон, кого го нарече најглупавиот човек на телевизија.
„Леброн Џејмс само што беше интервјуиран од најглупавиот човек на телевизија, Дон Лемон. Тој направи Леброн да изгледа паметно, што не е лесна работа. Мене ми се допаѓа Мајк!“, твитна Трамп околу полноќ по локално време.
Во интервјуто, Џејмс кажа дека Трамп го користи спортот да ги подели граѓаните.
„Тој прави поделби меѓу нас и она што го забележав изминативе неколку месеци е дека тој го користи спортот да нè подели и тоа е нешто што не можам да го сфатам, бидејќи знам дека поради спорт првпат бев со некој бел до мене“, изјави Џејмс во интервјуто.
Делот од твитот „Мене ми се допаѓа Мајк“ се однесува на Мајкл Џордан, кошаркарската легенда со која често го споредуваат Џејмс.