ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ СЕ ПРСКА СО ИТАЛИЈАНСКИ АВИОН „ПАРТЕНАВИЈА“

    ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ СЕ ПРСКА СО ИТАЛИЈАНСКИ АВИОН „ПАРТЕНАВИЈА“Авионот Партенавија П68 со кој што беше извршено прскањето против комарци во Скопје на 8 јули. (Фото: Ј. Стефанов)

    Аероклубот „Скопје“ е ангажиран од Град Скопје за прскање против комарци и за таа цел се користи авион од италијанскиот производител „Партенавија“, поточно моделот П68. Како што велат од аероклубот, за првпат во Македонија се користат современи двомоторни авиони одобрени од Европската агенција за безбедност при летањето (ЕАСА) и Агенција за цивилно воздухопловство на Македонија за работа над населени места и додаваат дека строгите норми за контролирана и ограничена бучава, како и воведувањето на двомоторни авиони, прават да се зголеми безбедноста во летањето.

    „Овој тип на авиони не се бесшумни, но се три пати потивки од авионите Антонов АН-2 со кои што се прскаше до минатата година и кои што се забранети поради бучност во земјите на Европската унија“, велат од аероклубот.

    Авионите се опремени со распрснувачи од последната генерација со кои се обезбедува прецизно распрскување за апликацијата на средството да биде со гарантиран квалитет и безбедно за биодиверзитетот. Прецизното контролирање на количината прави средството да не штети на другите инсекти кои се корисни за животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира