АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ВЕЛОСИПЕДИСТИ, ПА ВО ОГРАДАТА ПРЕД БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ВЕЛОСИПЕДИСТИ, ПА ВО ОГРАДАТА ПРЕД БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТНикој од повредените не е во животна опасност (Фото: Гети)

    Неколку луѓе се повредени откако автомобил удри во безбедносните огради поставени пред зградата на британскиот парламент, објави Скотланд Јард.

    Специјална полиција, амбулантни возила и пожарникари се појавија на местото на инцидентот, кој се случи во централен Лондон во утринските часови.

    Полицијата притоа го опкружи автомобилот, пред да уапси еден маж.

    Според медиумите, удрени се неколку велосипедисти, но полицијата додаде дека никој не е животно загрозен.

    Скотланд Јард не можеше да потврди дали станува збор за терористички инцидент, но неколку сведоци изјавија дека возачот намерно удрил во случајните минувачи.

    „Се чинеше дека тој намерно удри во велосипедистите кои чекаа на пешачкиот премин. Автомобилот потоа се врати на улицата, по што удри во бариерите кај паркингот пред зградата на парламентот“, изјави еден сведок.

    Властите кажаа дека мала група луѓе доби лекарска помош на самото место.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира