Клучен мост се урна во близина на италијанскиот град Џенова, соопшти полицијата, и се стравува дека под урнатините има луѓе и автомобили.
Мостот, кој е дел од автопат, е висок околу 100 метри и весникот „Кориере дела сера“ објави дека има затрупани луѓе.
Шефот на локалниот амбулантен сервис изјавил дека „има десетици мртви“, додека министерот за транспорт Данило Тонинели напиша на Твитер дека станува збор за неописива трагедија.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека се урнал средишниот дел од мостот, под кој има огромни количества бетон.
Итни служби се на местото на настанот, но засега нема официјална потврда дали има жртви. Според некои информации, неколку возила можеби паднале од мостот при неговото уривање.
Познат под името Моранди, мостот е изграден во 1960 година и весникот „Ла Република“ објави дека тој дел од градот е густо населен.