ВО ГЕРМАНИЈА ГО СРЕТНАВ ЧОВЕКОТ ОД ИСЛАМСКА ДРЖАВА КОЈ МЕ ДРЖЕШЕ КАКО СЕКСУАЛНА РОБИНКА, ВЕЛИ МЛАДА ИРАЧАНКА ЗА БИ-БИ-СИ

    ВО ГЕРМАНИЈА ГО СРЕТНАВ ЧОВЕКОТ ОД ИСЛАМСКА ДРЖАВА КОЈ МЕ ДРЖЕШЕ КАКО СЕКСУАЛНА РОБИНКА, ВЕЛИ МЛАДА ИРАЧАНКА ЗА БИ-БИ-СИАшвак била киднапирана од борците на Исламска држава кога имала само 14 години и потоа три месеци била тепана и силувана (Фото: принтскрин/Би-Би-Си)

    Тинејџерка со јазидско потекло, која била продадено во ропство од Исламска држава (ИД), откри за Би-Би-Си како по доаѓањето во Германија, на улица се сретнала со човекот кој ја заробил. Ашвак имала само 14 години кога борците на Исламска држава упаднале во северен Ирак, каде што живее мнозинството од јазидскиот народ. Тие притоа земале стотици жени, вклучувајќи ја и неа, и како сексуални робинки ги продале на човекот по име Абу Умам, секоја за по 100 долари.

    Силувана и тепана, Ашвак успеала да избега по три месеци и потоа заминала за Германија со мајка ѝ и со еден од браќата.

    Неколку месеци подоцна, слушнала како некој го вика нејзиното име на улица.

    Додека се враќав од училиште, автомобил застана до мене. Човекот на предното седиште на германски ме праша дали јас сум Ашвак. Се уплашив и му реков: ‘Не, кој сте вие?‘ Тој ми кажа дека ме препознал и дека се вика Абу Умам. Потоа почна да зборува на арапски“, вели Ашвак и додаде: Те знам, ми рече, знам каде и со кого живееш. Тој знаеше сè за мојот живот во Германија. Никогаш не би помислила дека ова ќе го доживеам во Германија, дека тука ќе го сретнам човекот кој ме заробил“.

    Таа ја пријавила средбата во полиција, но и по еден месец, не добила никакви нови информации за Абу Умам. Од полицијата подоцна соопштија дека не успеале да го пронајдат. Ашвак во меѓувреме се вратила во Ирак. Таа денес живее во јазидски камп во Курдистан, но повторно сака да избега оттаму и да го продолжи образованието.

    Активисти во Германија велат дека има и други пријавени случаи како овој на Ашвак, но засега нема официјална реакција или разврска од германската држава. Ашвак и семејството сега се надеваат дека ќе се преселат во Австралија, со програмата за заштита на жените жртви на трговијата со луѓе на ИД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира