„МАЈКРОСОФТ“ ТВРДИ ДЕКА СПРЕЧИЛ ОБИДИ ЗА РУСКО ХАКИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО САД

    „МАЈКРОСОФТ“ ТВРДИ ДЕКА СПРЕЧИЛ ОБИДИ ЗА РУСКО ХАКИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО САДОд „Мајкрософт“ кажаа дека зад нападот стои руската група „Фенси берс“ (Фото: АП)

    „Мајкрософт“ објави дека спречил руски обиди за сајбернапади врз конзервативни групи во САД.

    Руските хакери притоа се обиделе да украдат податоци од политички организации, вклучувајќи ги Меѓународниот републикански институт и институтот „Хадсон“. Сепак, нападите биле спречени кога обезбедувањето презело контрола врз шест интернет домени, кои ги имитирале нивните сајтови.

    „Мајкрософт“ кажа дека зад нападот стои руската група „Фенси берс“, која беше поврзана и со мешањето во претседателските избори во САД во 2016 година.

    „Ние сме загрижени дека овие и други слични напади претставуваат сериозна безбедносна закана за разноразни групи, поврзани со двете политички партии во САД, во пресрет на годинашните избори. ‘Фенси бер‘ на овој начин можеше да ги види и да ги краде информациите на луѓето кои се вклучуваат на нивните лажни сајтови“, велат од „Мајкрософт“.

    Освен двете организации, биле нападнати и домени поврзани со неколку услуги на Сенатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира