ФАТИМЕ ФЕТАИ ГИ БАРА ОД КОСОВО ИЗБЕГАНИТЕ ГЛАВНИ ОБВИНЕТИ ЗА ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО ВО „МОНСТРУМ“

    ФАТИМЕ ФЕТАИ ГИ БАРА ОД КОСОВО ИЗБЕГАНИТЕ ГЛАВНИ ОБВИНЕТИ ЗА ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО ВО „МОНСТРУМ“На денешното рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да се сослушува загрозениот сведок (Фото: Ѓ. Личовски)

    Обвинителката Фатиме Фетаи на денешното рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кога треба да се сослушува загрозениот сведок, го праша судот до каде е постапката за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, главните обвинети за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро пред Велигден во 2012 година.

    „Постапката е во процедура, контактирам со нашето Министерство за правда, а тоа со косовското. Ќе ве известам за сè”, рече судијата Огнен Ставрев.

    Денеска за првпат со Фетаи дојдоа уште тројца обвинители од СЈО.

    На 12 април 2012 кај Смиљковското Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.

    За случајот „Монструм“ обвинети се вкупно 6 лица. Им се суди во Основниот суд Скопје 1, организиран криминал, по втор пат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира