АКО МИ НАПРАВАТ ИМПИЧМЕНТ, ЌЕ СЕ УРНЕ ЕКОНОМИЈАТА, ВЕЛИ ТРАМП

    АКО МИ НАПРАВАТ ИМПИЧМЕНТ, ЌЕ СЕ УРНЕ ЕКОНОМИЈАТА, ВЕЛИ ТРАМПБез него, Американците ќе станат многу сиромашни. - Доналд Трамп (Фото: АП)

    Доналд Трамп предупреди дека американската економија ќе претрпи големи штети доколку против него се покрене постапката за импичмент.

    „Ако ми направат импичмент, мислам дека пазарот ќе се урне“, кажа Трамп во интервјуто за „Фокс“.

    Тој реагираше откако неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен призна пред суд дека ги прекршил законите за финансирање кампања, кога во името на Трамп направил неколку исплати, со кои се замолчувале неговите љубовници во пресрет на изборите во 2016. Овие пари не биле пријавени во Федералната изборна комисија.

    Трамп го обвини Коен дека измислува приказни, за да се нагоди со судот за поблага казна.

    „Мислам дека сите ќе станат многу сиромашни. Без моето размислување, ќе видите како наеднаш бројките ќе се вратат наназад“, додаде Трамп.

    Доколку Трамп биде процесуиран поради парите, тоа нема да оди преку нормални судови, туку преку процесот на импичмент во Конгресот. Тој ќе треба да докаже дека не ги дал парите за да влијае врз гласањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира