Над десет илјади македонски граѓани во последниве 24 часа ја напуштија државата преку граничниот премин Богородица и заминаа во Грција на продолжен викенд.
Според информациите од командирот на полициската станица на граничниот премин Богородица Миле Тошев за излез од Македонија се чека од 10 до 15 минути додека за влез во државата нешто повеќе од 20 минути пред сѐ заради враќањето од одмор на странските државјани.
Гужвата на Богородица почнала вчера попладне, но најголема била во утринските часови. Не дошло до голем застој бидејќи биле пуштени во функција сите пет ленти со пасошка контрола за излез од државата, информираше комамандирот Тошев.
Големата македонска навалица за викенд во Грција е заради претстојниот празник Успение на Пресвета Богородица кој паѓа во вторник и во земјава е неработен ден, па одговорните на ГП во Богородица очекуваат поголеми гужви за влез во Македонија во недела попладне и во вторник навечер кога ќе се враќаат македонските државјани од грчките плажи.
В. ТРАЈКОВ