Никола Груевски, осуден на две години затвор за нарачка на луксузен „мерцедес“ од пари на полицијата, не дојде денеска во Апелациониот суд Скопје, туку на Шамари и насилство во Центар, во Основниот суд Скопје 1. Тој е обврзан да се појави тука на судска покана, а во Апелациониот суд, не.
Од затворот во Идризово беше спроведен Ѓоко Поповски од МВР, осуден на 9 години затвор за спроведување на местениот тендер, по нарачка на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Но, расправата се одложи за утре, зашто сите адвокати на Груевски истовремено беа на насилство и шамари во Центар.
С. К. ДЕЛЕВСКА