Поради закажување на осум рочишта во еден месец додека обвинетата поранешна министерка Гордана Јанкулоска уште не беше во издвоена постапка во „Тенк“ за луксузниот мерцедес и за цитатот во пресудата: „Јанкулоска со умисла го поттикнала Поповски да ја злоупотреби службената положба и овластувањата“, Јанкулоска денеска побара изземање на судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1.
Јанкулоска во поднесокот за изземање навела дека односот на Кацарска кон неа не бил вообичаен како со останатите обвинети, туку дека судијката имала нетрпеливост и предрасуди кон неа.
Кацарска ја издвои Јанкулоска во посебна постапка уште пред да се породи. Во моментов ѝ дава двоиполчасовни паузи за доенчето, но како и претходно за Никола Груевски и за Ѓоко Поповски, и овојпат таа закажа повеќе рочишта однапред, недозволувајќи како во неколку други случаи во Кривичниот суд предметот да ѝ се развлече до недоглед.
С. К. ДЕЛЕВСКА