Поранешниот премиер Никола Груевски, кој се жали на затворската казна од две години за незаконската набавка на мерцедес од 600 илјади евра со пари на МВР, и денеска ја блокира седницата во Апелација. Пред Апелациониот суд Скопје тој се жали на затворската пресуда од 2 години, што му ја изрече Основниот суд Скопје 1 во предметот „Тенк“ на СЈО.
Одбраната на Груевски и осудениот на 6 и пол години затвор Ѓоко Поповски побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, нешто што со Законот за СЈО не е дозволено, односно не е предвидено како можност.
Груевски, како што најави на вчерашната прес-конференција, не дојде на денешната седница на Апелациониот суд.
С. К. ДЕЛЕВСКА