Компанијата за животен стил и е-трговија Гуп, основана од оскаровката Гвинет Палтроу треба да плати казна од 145 илјади долари, поради лажно рекламирање на вагинални јајца, за кои компанијата тврдеше дека ги регулираат хормоните и на влијаат на превенција од спуштање на матката.
Но, научниците не се согласуваат со тие тврдења. Според тужбата од адвокатска фирма во Санта Клара, Калифорнија „фирмата за добро здравје продавала продукти за женско здравје, а чии медициски тврдења не биле поткрепени од компетентни научни извори“.
„Здравјето и парите на жителите на Санта Клара не смеат да бидат доведени во ризик поради погрешни реклами. Ние многу внимателно ќе ги заштитуваме потрошувачите од компании кои ветуваат добро здравје без поддршка од добра наука..или која било наука“, изјави адвокатот Џеф Росен.
Во изјавата на Гуп стои дека „иако веруваат дека има искрено несогласување околу овие тврдења, компанијата сака што побрзо и помирно да го реши спорот. Спогодбата не укажува на никаква одговорнос од наша страна“.
Вагиналните јајца, од жад и од розов кварц, кои се продаваа за 66 и за 55 долари, сѐ уште се продаваат, но Гуп доби забрана да ги рекламира со медицицински тврдења кои не се поткрепени од науката.
На фирмата ѝ е забрането да продава медицински направи кои се лажно рекламирани или неодобрени.
Компанијата се согласи да плати граѓанска казна од 145 илјади долари, а на оние кои купиле вагинални јајца им понуди да им ги врати парите. Компанијата кажа дека досега не биле пријавени забелешки од користењето на производите.