АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТОР РОН ЏОНСОН ДОАЃА ДА ГО ПОДДРЖИ РЕФЕРЕНДУМОТ

    АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТОР РОН ЏОНСОН ДОАЃА ДА ГО ПОДДРЖИ РЕФЕРЕНДУМОТРон Џонсон во Сенатот предложи резолуција за поддршка на Договорот од Преспа. (Фото: АП)

    Американскиот сенатор Рон Џонсон, кој во Сенатот предложи резолуција за поддршка на Договорот од Преспа, денеска во Скопје ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и останатите лидери.

    Републиканецот од Висконсин е претседавач на Комитетот за национална безбедност и владини работи и на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна политика. Важи за близок соработник на претседателот Доналд Трамп, задолжен за специјални мисии.

    Резолуцијата во Сенатот за поддршка на Договорот од Преспа ја поднесе заедно со демократот Крис Марфи. Во неа се вели:

    „Ако биде ратификуван, договорот ќе ѝ го отвори патот на ’Република Северна Македонија‘ да се приклучи во НАТО и ЕУ, ќе ја отстрани ранливоста во Западен Балкан и ќе ја намали можностите за руско мешање. Русија се обидува да ја поддржи опозицијата за поткопување на договорот, на што Грција одговори со протерување четворица руски дипломати“.

    Сенаторот Џонсон доаѓа во Скопје непосредно по посетите на германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц и Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пресрет на референдумот за името на 30 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира