ВО 1991 ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА САМОСТОЈНОСТ ПОВЕЌЕТО БИЛЕ „ЗА“ АМА НЕ ВЕРУВАЛЕ ВО УСПЕШЕН ИСХОД – АРХИВСКА АНКЕТА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ

    ВО 1991 ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА САМОСТОЈНОСТ ПОВЕЌЕТО БИЛЕ „ЗА“ АМА НЕ ВЕРУВАЛЕ ВО УСПЕШЕН ИСХОД – АРХИВСКА АНКЕТА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕФаксимил од второто истражување на јавното мислење за референдумот за самостојност на Македонија спроведена и објавена на 31 август 1991 во весникот „Вечер“

    Во август 1991, еден месец пред историскиот Референдум за самостојност на Македонија, со колешката Валентина Велевска го тестиравме референдумското прашање во можеби единствените истражувања на јавното мислење во тоа време. Бевме тазе вработени новинарки во весникот „Вечер“ и тазе вратени од постдипломските студии по комуникологија во Љубљана, а анкетите за референдумот беа најголемиот предизвик по серијата анкети на други теми што ги изведовме претходните 6 месеци.

    Факсимил од првата анкета за референдумот што ја објавивме во „Вечер“ на 10 август 1991, непосредно откако беше објавено референдумското прашање: „Дали сте за самостојна и независна држава Македонија со право на стапување во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“. Со „да“ одговорија 78,5 отсто од испитаниците

    Првата анкета за референдумот ја објавивме во „Вечер“ на 10 август 1991, непосредно откако беше објавено референдумското прашање: „Дали сте за самостојна и независна држава Македонија со право на стапување во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“. Со „да“ одговорија 78,5 отсто од испитаниците.

    Факсимил од втората анкета што ја објавивме на 31 август 1991, една недела пред референдумот. Со „да“ одговорија 80,5 отсто од испитаниците.

    Втората анкета ја објавивме на 31 август 1991, една недела пред референдумот. Со „да“ одговорија 80,5 отсто од испитаниците.

    На гласањето на 8 септември 1991, според официјалните податоци, на референдумот позитивно се изјасниле 95,26% (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас) ; – Првиот претседател Киро Глигоров и првиот премиер Никола Кљусев на прославата на Плоштад Македонија за прогласување на независноста на 8 септември 1991 (Архивска фотографија)

    На гласањето на 8 септември 1991, според официјалните податоци, од 1.495.807 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85%, а од вкупниот број граѓани кои гласале на референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,26% (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас).

    Во нашите телефонски анкети учествуваа 200 граѓани по случаен избор: 100 од Скопје и 100 од Битола, Охрид, Штип, Струмица, Тетово, Кавадарци, Титов Велес, Прилеп и Гевгелија. Имаше релативно еднаква застапеност на сите возрасни групи,  а главнината беа со средно и високо образование, додека најголем од испитаниците, 71 отсто, не припаѓаа на ниедна партија.

    Интересно е дека пред референдумот за самостојност немаше официјално испитување на јавното мислење за да се прогнозира исходот; – Факсимил од текст во „Вечер“ во август 1991

    Интересно е дека пред референдумот немаше официјално испитување на јавното мислење за да се прогнозира исходот. Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, единствена стручна институција која требаше да спроведе истражување на јавното мислење за најважниот настан во современата историја на државата, не го стори тоа. Вработените беа на колективен годишен одмор. Од една страна, немаше пари за истражување, а од друга – немаше интерес кај политичките партии и државните субјекти за јавното мислење. Иако во тоа време мнозинството граѓани не припаѓаа на ниедна партија, гласот на народот за политичките практичари се сведуваше на мислењето на нивните сопствени партии, а улогата на обликувач на јавното мислење ја преземаше маркетингот на партиите.

    Во двете анкетите што ги направивме за „Вечер“, го поставивме референдумското прашање и прашањето „Дали сметате дека исходот од референдумот ќе биде позитивен“.  Во обете, имаше разлика во процентот на оние кои беа за самостојна Македонија, со оние што сметаа дека референдумот ќе успее. Во првата анкета 69 отсто сметаа „да“ ќе успее, а во втората со „да“ одговорија 74 отсто. Во почетокот на август 1991 неодлучни биле 14,5 од испитаните, а недела пред референдумот – 10 отсто.

    Во двете анкетите што ги направивме за „Вечер“, го поставивме референдумското прашање и прашањето „Дали сметате дека исходот од референдумот ќе биде позитивен“. Во обете, имаше разлика во процентот на оние кои беа за самостојна Македонија, со оние што сметаа дека референдумот ќе успее. Во првата анкета 69 отсто сметаа „да“ ќе успее, а во втората со „да“ одговорија 74 отсто. Во почетокот на август 1991 неодлучни биле 14,5 од испитаните, а недела пред референдумот – 10 отсто; – Факсимил од втората анкета објавена на 31 август 1991

    Во втората анкета се обидовме со отворено прашање да го испитаме и мислењето за иднината на Македонија како суверена и самостојна држава. Одговорите што ги добивме можеа да се групираат поред изјаснувањето на референдумското прашање – на позитивни и негативни, со неколку степени. Тие што заокружија „да“ за самостојна Македонија одговараа – „ќе опстанеме, но во почетокот ќе биде тешко“, „нема да бидеме ни побогати ни посиромашни, ама барем ќе има мир“.

    Ставот на оние што заокружија „не“ без исклучок беше дека „Македонија не може сама“, со варијации од тоа дека „Засега нема никакви шанси“ до убеденоста дека „Тоа нема ни да се случи“.

    Неодлучните беа претпазливи и сметаа дека иднината на Македонија е неизвесна, со оценки од тоа дека „во овој момент инсистирањето на радикални пресврти е ризично“, или дека „тоа ќе биде уште еден погрешен чекор на Македонија чија што држава ќе има краток век“.

    Кога се вработивме во „Вечер“, во периодот од април до ноември 1991 со Вале Велевска изведовме серија истражувања на јавното мислење и го забележавме и документиравме осамостојувањето и посткомунистичката транзиција на Македонија.

    Подоцна, Вале замина да работи за македонската редакција на „Би-Би-Си“ во Лондон. Таму почина, во февруари 2010.

    Серијата истражувања што ги направивме во 1991 беше можеби највозбудливиот период од нашата новинарска кариера, и беше ретка привилегија. Се чувствуваме како да јаваме на бранот на историјата и сечеме точно низ него, гледајќи ја историјата в очи, со насмевка. 20 дена пред историскиот референдум за името закажан за 30 септември, се чувствувам исто така. Да беше жива Вале, верувам дека ќе го имаше истото чувство и истиот предизвик.

    Марина КОСТОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира