СУДОТ И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРВПАТ ГО ВИДОА АВТОМОБИЛОТ КОЈ Е ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ ДОКАЗИ ВО „МОНСТРУМ“

    СУДОТ И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРВПАТ ГО ВИДОА АВТОМОБИЛОТ КОЈ Е ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ ДОКАЗИ ВО „МОНСТРУМ“Судијата Огнен Ставрев врши увид на автомобилот „опел омега“ во депото на Агенцијата за управување со запленет имот во присуство на јавноста (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 денеска за првпат изврши увид и го виде автомобилот „опел омега“, со кој во првата судска постапка се тврдеше дека осудениот Алил Демири по петкратното убиство кај Смиљковското Езеро пред шест години избегал од местото на злосторството, до косовската граница.

    Првпат ова возило кое е еден од клучните докази во случајот „Монструм“ на СЈО , го гледа и обвинител. На увидот денеска се специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

    Ова е повторена постапка, бидејќи Врховниот суд Монструм го врати на повторно судење, токму поради тоа што само МВР ги имаше видено автомобилот, а на странките во постапката им подели само фотографии. Пресудите за сите шестмина обвинети беа доживотен затвор.

    На местото, денеска увид вршат и останатите четворица обвинети, кои сега се на слобода, освен Фејзи Азири кој денеска беше спроведен од затвор Штип, каде лежи за друго дело.

    Увидот се врши во депото на Агенцијата за управување со запленет имот, во близина на Миладиновци, крај Скопје.

    На 12 април 2012 кај скопското Смиљковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.

    За случајот „Монструм“ обвинети се вкупно 6 лица. Им се суди во Основниот суд Скопје 1, организиран криминал, по втор пат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира