МОЈОТ ПОВИК ДО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА ИЗЛЕЗАТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ НЕ Е МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ, РЕЧЕ КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТАЧИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ

    МОЈОТ ПОВИК ДО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА ИЗЛЕЗАТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ НЕ Е МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ, РЕЧЕ КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТАЧИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ„Ние како лидери треба да ги најдеме најдобрите решенија и истите треба да се поздрават и да се поддржуваат“, вели Тачи. - Заев и Тачи пред Владата (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот на Косово Хашим Тачи ги повика граѓаните на Република Македонија да излезат и да гласаат на референдумот на 30 септември, но вели дека тоа не е мешање во внатрешните работи на земјата.

    „Јас денеска не сум во Скопје да заземам страна за овој или за оној политички лидер, Многу е охрабрувачки ова што го слушнав од премиерот, силно го поддржувам неговото патешествие во НАТО и ЕУ. Односот на Косово и Македонија не треба да се основа на политички шеми туку на државни интереси. Излезете и гласајте, ова е најголемиот патриотизам што може да го направи секој граѓани“, рече косовскиот претседател Хашим Тачи на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

    Косовскиот претседател Тачи додаде дека повикот да се излезе на референдумот не го смета за мешање во внатрешните работи на Македонија.

    „Ние како лидери треба да ги најдеме најдобрите решенија и истите треба да се поздрават и да се поддржуваат“, одговори Тачи на новинарско прашање.

    Претседателот на Косово ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира