СКУЛПТУРА НА ГЛАВА ОД 10 ТОНИ ПОСТАВЕНА СРЕДЕ ЛОНДОН ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

    СКУЛПТУРА НА ГЛАВА ОД 10 ТОНИ ПОСТАВЕНА СРЕДЕ ЛОНДОН ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕСкулптурата „Глава над водата“ е висока девет метри, а осветлувањето може да се менува за да ги покаже расположенијата на човечкиот мозок: среќа, тага, радост (Фото: Скај)

    Џиновска скулптура на глава која ја менува бојата е поставена во централен Лондон покрај реката Темза, за подигнување на свеста за менталното здравје. Скулптурата „Глава над водата“, тешка десет тони, е дело на британскиот дизајнер на мебел и ламби Стјуарт Пејдвик, а нејзиното поставување се совпадна со Лондонскиот саем за дизајн.

    Пејдвик рече дека осветлувањето на неговата деветметарска дрвена скулптура, може да се менува, за да ги покаже расположенијата на човечкиот мозок: среќа, тага, радост.

    „Целта на делото е да ја подигне дебатата за менталното здравје“, рекоа од „Време за промена“, една од двете здруженија за ментално здравје кои ги поддржаа проектот. „Ова е симбол на надеж, храброста, сочувство, позитивност и промена, за оние кои се соочуваат со проблеми во менталното здравје, како и за луѓето кои ги поддржуваат“, велат од „Време за промена“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира