БИДЕТЕ БЕСКОМПРОМИСНИ ВО ЧУВАЊЕТО НА НАШАТА СЛОБОДА, КАЖА МИЦКОСКИ НА МАРШОТ ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ШТИП

    БИДЕТЕ БЕСКОМПРОМИСНИ ВО ЧУВАЊЕТО НА НАШАТА СЛОБОДА, КАЖА МИЦКОСКИ НА МАРШОТ ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ШТИПЗа референдумот на 30 септември, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека е збунувачки срочен и дека не е изјаснување за ЕУ и НАТО. - Мицкоски на маршот во Штип (Фото: Твитер)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот марш во Штип ги повика граѓаните да бидат „горди и бескомпромисни во чувањето на нашата слобода“ и на 30 септември да го слушаат срцето и да постапат како што им вели разумот.

    Мицкоски за референдумот на 30 септември кажа дека е збунувачки срочен и дека не е изјаснување за ЕУ и НАТО.

    „Овој референдум, иако намерно збунувачки срочен, не е изјаснување дали сакаме во ЕУ или во НАТО, туку е референдум за тоа дали прифаќате да се промени името на земјата и дали ги прифаќате сите последици што произлегуваат од договорот. Бидете горди и бескомпромисни во чувањето на нашата слобода. На 30 септември слушајте го срцето и постапете како што вели разумот“, изјави Мицкоски во Штип.

    Тој го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот и кажа дека партијата одлучила да остави на граѓаните на оваа држава да постапат на 30 септември по своја слободна волја и убедување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира