ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТИ ПРИВАТНИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ЗАПИШАНИ ВО ЈАНУАРИ, ОДЛУЧИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

    ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТИ ПРИВАТНИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ЗАПИШАНИ ВО ЈАНУАРИ, ОДЛУЧИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВОСо одлуката на Управниот одбор на ФЗОМ приватните специјализанти со исплата на септемвриската плата во здравството ретроградно ќе ги добијат ветените плати од јуни

    Лекарите кои приватно специјализираат во јавните здравствени установи од конкурсот распишан во јануари годинава, со исплата на септемвриската плата во здравството ќе добијат месечен надомест за нивниот труд и ангажман, соопшти Министерството за здраство. Ваква одлука на денешната седница донел управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

    „Со донесување на одлуката исполнети се формалните услови на оваа група специјализанти да им биде исплатен месечен паричен надоместок за нивниот труд и ангажман. Конкретно, сметано започнувајќи од месец јуни 2018 година, односно за повеќе месеци ретроградно, средствата ќе им бидат префрлени кога ќе се врши исплатата на плата во целиот здраветвен сектор за месец сепетември 2018 година“, велат од Министерството за здравство.

    Специјализантите кои сами ја плаќаат едукацијата запишани на конкурсот од оваа година денес требаше да протестираат пред Министерството за здравство, незадоволни што сѐ уште не им е исплатен ни денар за работата, иако пред повеќе месеци добија ветување дека и тие ќе добијат плата како и останатите нивни колеги.

    Тие вчера доцна попладне соопштија дека протестот го одложуваат, бидејќи се сретнале со министерот за здравство Венко Филипче на негово барање.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира