КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС ЌЕ СЕ ТРЧА УТРЕ ПО ОСМИ ПАТ

    КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС ЌЕ СЕ ТРЧА УТРЕ ПО ОСМИ ПАТ

    Љубителите на трчањето и на природата утре ќе се обединат на најголемиот настан во планинското трчање во Македонија, Крали Марко треилс, што ќе се одржи по осми пат.

    „Почувствувај ја легендата, истрчај го митот“ е мотото на годинашната трка, која ќе има четири категории, со што ќе биде отворена за сите возрасти.

    Најпрестижниот настан е Козјак треил, своевидниот ултрамаратон на 67 километри, кој стартува во осум часот од амфитеатарот во Варош, кадешто е и целта. Учесниците можат да очекуваат патека со технички тежок терен и со недопрена природа, а највисоката точка на трката се наоѓа на Козјак, на надморска височина од 1.747 метри. Оваа трка носи четири поени за легендарната европска трка Ултра треил ду Мон Блан.

    Во 10 часот стартуваат уште две трки, Камена Баба на 34 и Трескавец на 16 километри, а најмладите ќе трчаат делница од еден километар, наречена Маркукуле треил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира