ГО ИЗВАДИВ ПИШТОЛОТ И РЕКОВ – ПОЛИЦИЈА, СВЕДОЧЕШЕ ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ САШО ТАСЕВСКИ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    ГО ИЗВАДИВ ПИШТОЛОТ И РЕКОВ – ПОЛИЦИЈА, СВЕДОЧЕШЕ ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ САШО ТАСЕВСКИ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО„Толпата влезе во салата. Почна мрачна атмосфера и физички да се пресметуваме. Началниците активно даваа отпор да се заштитат пратениците“, рече Тасевски и кажа дека дека ги гаѓале со шипки, столчиња и разни предмети, а напаѓачите имале боксирачи со нив; - Моменттот кога со пиштолот ги брани пратениците во органзиираното напад на Собранието на 27 април 2017 (Фото: СДК.МК)

    „Јас го извадив пиштолот и кажав – полиција, за да не пристапуваат кон личноста која ја заштитувам“, рече директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски на судењето за организираното напад на Собранието на 27 април 2017. Тасевски тогаш беше обезбедување на тогашниот технички министер Оливер Спасовски. Тој сведочеше дека откако пред прес-салата се појавиле луѓе со качулки  кои викале дека ќе ги убијат, тој останал надвор пред прес-салата за да спречи да влезат внатре, па и тој бил напаѓан вербално и физички.

    Тасевски рече дека на 27 април пред да се случи упадот во Собранието, Оливер Спасовски бил на средба со претседавачот Трајко Вељааноски во Собранието, а кога Вељааноски го видел него, го прашал во кое својство е тука.

    „Јас му кажав дека сум личното обезбедување на Оливер Спасовски”, рече Тасевски и додаде: „Во холот Вељаноски му се обрати на Оливер со прашање, зошто твоето обезбедување оди со тебе цело време? Не личи да оди по тебе“.

    Спасовски му одговорил дека тоа е според закон, а Тасевски излегол од Собранието.

    Тасевски рече дека кога на радиостаница чул дека толпата ја преминала првата барикада им издал наредба на неговите двајца колеги тактички да се постават за да го заштитат Спасовски.

    „Дојде началникот Оливер Поповски. Му објаснив дека ситуацијата е тензична. Толпата беше насрдена кон мене. Тој ми го даде беџот за да ме заштити и проба вербално да ги одврати напаѓачите“, рече Тасевски. Напаѓачите биле сè побројни и одлучил да влезе во прес-салата. Следувало кршење на вратата од салата, а тој не успеал да ги спречи напаѓачите.

    „Толпата влезе во салата. Почна мрачна атмосфера и физички да се пресметуваме. Началниците активно даваа отпор да се заштитат пратениците“, рече Тасевски и кажа дека дека ги гаѓале со шипки, столчиња и разни предмети, а напаѓачите имале боксирачи со нив.

    „Имав две расекотини на главата, ми беше изместена вилицата и имав модринки на телото“, рече Тасевски на судењето во кое кое 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

    На прашање на обвинителката Вилма Русковска зошто решил да влезе во Собранието, Тасевски рече дека влегол за да биде во координација со началникот на внатрешното обезбедување, оти му рекле дека 4 до 5 полицајци го обезбедуваат Собранието.

    Денешното судење заврши кусо по 23 часот. Следното рочиште е закажано за 25 септември, со сведочење на четворица сведоци предложени од Обвинителството.  Денеска сведочеа Курто Дудуш, Агим Нухиу, Владимир Стојков и новинарка известувач од Собранието.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира