ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО СЕ ВОДИ ПРЕДИСТРАГА, СЕ НАДЕВАМ ЌЕ ОДГОВАРААТ, РЕЧЕ ОБВИНИТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОВСКА

    ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО СЕ ВОДИ ПРЕДИСТРАГА, СЕ НАДЕВАМ ЌЕ ОДГОВАРААТ, РЕЧЕ ОБВИНИТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОВСКАОбвинителката Вилма Русковска на судење за организираниот напад на Собранието на 27 април. (Фото: К. Попов)

    Обвинителката за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 Вилма Русковска, на новинарско прашање денеска одговори дека поранешниот премиер Никола Груевски не е викнат да сведочи на судењето, бидејќи не бил во Македонија кога се случи нападот и беше терористички загрозен уставниот поредок и безбедноста.

    За организаторите на нападот рече дека се надева оти ќе одговараат и додаде дека тој предмет е во предистражна постапка.

    Претходно, судијата Добрила Кацарска за реакциите дека судењата се предолги рече дека се води по праксата на Европскиот суд за човекови слободи и права, кој најмногу обрнува внимание на тоа дали судењата се во разумен рок и на скратување на периодот на несигурност и небезбедност на обвинетите во постапката.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира