Стотина тимови на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР го надледуваат избирачкиот процес и ќе присуствуваат и на пребројувањето на гласовите на денешниот референдум за името.
„Имаме стотина тимови кои го следат референдумот. Распоредени се насекаде низ земјава и ќе не информираат за сè што виделе. Тимовите се излезени на терен пред отворањето на гласачките места, ќе продолжат да набљудуваат и ќе присуствуваат на пребројувањето на гласовите“, изјави амбасадорот Јан Петерсен, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Амбасадорот Петерсен потенцираше дека тимовите само набљудуваат, не даваат коментари и нема да сугерираат пред утрешната прес-конференција закажана за 15 часот.
Г. ТРПЕНОСКИ