ЦИКЛОНОТ ЗОРБА ПРЕДИЗВИКА ПОПЛАВИ И ШТЕТИ ВО ГРЦИЈА, СЕ ТРАГА ПО ТРИ ЛИЦА

    ЦИКЛОНОТ ЗОРБА ПРЕДИЗВИКА ПОПЛАВИ И ШТЕТИ ВО ГРЦИЈА, СЕ ТРАГА ПО ТРИ ЛИЦАГрција се најде на удар на редок тип тропска бура (Фото: ЕПА)

    Три лица се водат како исчезнати откако силни ветрови и поројни дождови предизвикаа поплави во делови од Грција.

    Редот тип на тропска бура, циклонот Зорба, почна вчера и најтешко ги погоди островот Евија, истокот на земјата и полуостровот Пелопонез. Државната телевизија објави дека на Евија исчезнале три лица и дека е покрената голема спасувачка операција во близина на градот Мантуди.

    ТВ-снимките покажаа поплавени улици во пошироката област на Коринт и Пелопонез, додека огромни бранови удираат во крајбрежните градови во регионот. Во некои делови се регистрирани ветрови со брзина од 100 километри на час.

    „Пелопонез добро се држи, и покрај налетот на овој екстремен временски феномен“, изјави регионалниот гувернер Петрос Татулис, додавајќи дека домови и локалната инфраструктура претрпеле штети.

    Цивилната заштита предупреди дека на удар на невремето би можеле да се најдат и северниот и централниот дел на Грција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира