Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го поздрави гласањето „за“ на македонскиот референдум за името и повика да се зграпчи оваа историска можност.
„Ги повикувам сите политички лидери и партии да се вклучат конструктивно и одговорно за да се зграпчи оваа историска можност. Вратата на НАТО е отворена, но сите национални процедури мора да се завршат“, напиша Столтенберг на Твитер.