ВОЗИЛО НА УЈП ПРЕВРТЕНО ВО РЕКАТА ДРАГОР, А ДРУГО УДРЕНО ВО БИТОЛА

    ВОЗИЛО НА УЈП ПРЕВРТЕНО ВО РЕКАТА ДРАГОР, А ДРУГО УДРЕНО ВО БИТОЛАВозилото „фиат панда“ што се наоѓа во Драгор е превртено на покривот, искршена е каросеријата, а внатре се гледаат и документи (Фото: СДК.МК)

    Возило на Управата за јавни приходи се преврте во реката Драгор во Битола, а друго на паркингот крај реката е удрено и оштетено. Возилото ,,фиат панда” што се наоѓа во Драгор е превртено на покривот, искршена е каросеријата, а внатре се гледаат и документи.

    Другото оштетено возило е на паркингот крај реката и најверојатно од удар на друго возило е поместено од првичното место каде што било паркирано (Фото: СДК.МК)

    Другото оштетено возило е на паркингот крај реката и најверојатно од удар на друго возило е поместено од првичното место каде што било паркирано.

    На неколку метри под него има и други службени возила од УЈП ,,фиат панди”. Во близина е и зградата на Управата за јавни приходи во Битола, па вработените возилата ги паркираат на паркингот крај реката.

    Од СВР Битола потврдија дека се работи за сообраќајна несреќа. Утрово возило мерцедес удрило во два паркирани автомобили на УЈП. Од полиција велат дека нема жртви и повредени туку причинета е само материјална штета.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира