КИНА ПОТВРДИ ДЕКА ШЕФОТ НА ИНТЕРПОЛ Е ПРИВЕДЕН ОД АНТИКОРУПЦИСКИТЕ ВЛАСТИ

    КИНА ПОТВРДИ ДЕКА ШЕФОТ НА ИНТЕРПОЛ Е ПРИВЕДЕН ОД АНТИКОРУПЦИСКИТЕ ВЛАСТИМенг Хонгвеи се водеше како исчезнат од 25 септември (Фото: АФП)

    Кинеските власти потврдија дека исчезнатиот шеф на Интерпол Менг Хонгвеи е приведен.

    Тој се наоѓа под истрага на државното антикорупциско тело поради неодредено кршење на законот.

    Менг, кој во Кина ја врши и функцијата заменик министер за јавна безбедност, беше пријавен за исчезнат откако на 25 септември го напуштил седиштето на Интерпол во Лион и заминал во татковината.

    Неговата сопруга Грејс кажа дека верува дека тој се наоѓа во опасност, откако по телефон од него примила предупредувачки пораки.

    „Ми прати емотикон во вид на нож, што означуваше дека е во опасност“, изјави Грејс Менг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира