ШПАНСКИОТ ГОЛМАН ДЕ ХЕА ВМЕШАН ВО СКАНДАЛ СО МАЛОЛЕТНИЧКА ПРОСТИТУЦИЈА

    ШПАНСКИОТ ГОЛМАН ДЕ ХЕА ВМЕШАН ВО СКАНДАЛ СО МАЛОЛЕТНИЧКА ПРОСТИТУЦИЈА

    Голманот на шпанската репрезентација Давид де Хеа е вмешан во полициска истрага за малолетничка проституција и нелегална порнографија.
    Според извештаите во шпанските медиуми, една од жртвите, сега заштитен сведок во случајот против режисерот на порно филмови Игнасио Алјенде, открила дека фудбалерот на Манчестер јунајтед ја поврзал со уште една малолетна девојка и двајца младински репрезентативци.

    david-de-hea-edurne-garsija

    Фудбалерот на Манчестер јунајтед, кој сега е во врска со моделот Едурне Гарсија, е имплициран во случај против режисер на порно филмови

    Режисерот Алјенде беше уапсен во април и се уште е во притвор по обвинението дека посредувал при проституција и во своите филмови користел малолетнички. Заштитениот сведок тврди дека била сексуално злоставувана од двајца фудбалери во 2012 година во хотел со пет ѕвездички во Мадрид. Еден од фудбалерите е напаѓачот на Атлетик Билбао Икер Мунијан, а другиот се уште не е идентификуван. Таа тврди дека средбата во хотелот била договорена од Де Хеа и Алјенде.
    Шпанскиот весник „Ел Диарио“ објави дека истражителите сериозно го сфаќаат нејзиното сведоштво и ја отфрлиле можноста да има финансиски мотиви.
    Де Хеа се наоѓа во Франција со шпанската репрезентација за Европското првенство и на прес-конференција ги нарече обвинувањата „голема лага“ и кажа дека случајот ќе го предаде на неговите адвокати. Шпанија го игра првиот меч на ЕП на 13 јуни против Чешка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира