ДОБРО РАЗМИСЛИВ КОГА МИ СЕ ИЗБИСТРИ, ЌЕ ГЛАСАМ ЗА ИЗМЕНИТЕ НА УСТАВОТ, ВЕЛИ ФЕРИД МУХИЌ

    ДОБРО РАЗМИСЛИВ КОГА МИ СЕ ИЗБИСТРИ, ЌЕ ГЛАСАМ ЗА ИЗМЕНИТЕ НА УСТАВОТ, ВЕЛИ ФЕРИД МУХИЌПратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ, кој беше против Договорот од Преспа, рече дека иако Договорот е лош и предизвикува горчина, подобар договор не може да има. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ кој беше против Договорот од Преспа, на пленарната седница на Собранието на која се расправа за измени на Уставот рече дека кога добро размислил, му се избистрило, па ќе гласа за уставните измени, бидејќи со него идентитетот не може да биде загрозен.

    Мухиќ рече дека Договорот е лош и предизвикува горчина, но, подобар договор не може да има.

    „Секоја варијанта била сто пати разгледана од наша страна. И ако оваа Влада не го потпишеше, тоа ќе мораше да го направи друга влада, ако сакаме влез во НАТО и во ЕУ. Иако овој Договор е без преседан, бидејќи Македонија е единствена држава принудена да преговара за своето име, овој Договор води кон живот, а не кон смрт“, рече Мухиќ на седницата за уставните измени.

    Тој додаде: „Со ова ја менуваме капата, но не и главата која ќе остане иста. Идентитетот не може да биде загрозен.“.

    Мухиќ рече дека Владата има апсолутен легитимитет да предлага уставни измени за промена на уставното име и тој легитимитет, бил наследен од првата влада на независна Македонија која ги почнала преговорите со Грција за спорот за името.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира