Судијката Добрила Кацарска, поради безбедност на загрозениот сведок „С 1“ и опасност од откривање на скриениот идентитет, на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април лани, ја исклучи јавноста.
Во моментов почнува распитот на сведокот во судницата во Основниот суд Скопје 1, каде што од јавноста останаа само претставниците на ОБСЕ и на амбасадата на САД, кои Кацарска ги предупреди дека кривично ќе одговараат ако дадат податоци од она што ќе го слушнат во сведочењето.
Загрозениот сведок е последен од листата на сведоци на Обвинителството за организиран криминал и корупција, застапувано во овој случај од обвинителката Вилма Русковска. Во случајот, 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
С. К. ДЕЛЕВСКА