Британскиот актер, режисер и продуент Реиф Фајнс е добитник на почесната награда за европски придонес во светската филмска уметност, соопшти Европската филмска академија.
„Наградата му се доделува како признание за неговата богата и плодна кариера пред и зад камерата. Фајнс создава филмски искуства кои продолжуваат да нѐ инспирираат сите нас“, вели Академјата.
Фајнс неодамна го режираше филмот „Белата врана“, каде го игра Пушкин. Го играше и Чарлс Дикенс во „Невидливата жена“ од 2013, каде беше и режисер. Неговото режисерско деби беше во 2011 година, на Шекспировата адаптација „Кориоланус“, за кој доби номинација за БАФТА.
Во кариерата се истакнуваат улогите во: „Англискиот пациент“, „Шиндлеровата листа“, „Црвен змеј“, „Скајфол“, „Спектра“, „Гранд хотел Будимпешта“, „Читачот“, „Хари Потер“ „Онегин“, „Шкафче на болката“.
Наградата на Фајнс ќе му биде доделена на свеченоста на Европската филмска академија на 15 декември во Севилја, Шпанија.