САД ја поздравува одлуката на македонскиот парламент да ги иницира уставните промени потребни да се имплементира Преспанскиот договор со Грција, соопшти американскиот Стејт Департмент.
Како што вели портпаролката Хедер Нојерт, САД веруваат дека Преспанскиот договор е историска можност за напредок на стабилноста, безбедноста и просперитетот низ целиот регион.
Собранието вчера го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени со 80 гласа „за“ и 39 гласа „против“.