ОБВИНЕТИТЕ ПРАТЕНИЦИ НЕ ДОЈДОА НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ ОТИ СЕ НА СРЕДБА СО ЗАЕВ ВО СОБРАНИЕТО

    ОБВИНЕТИТЕ ПРАТЕНИЦИ НЕ ДОЈДОА НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ ОТИ СЕ НА СРЕДБА СО ЗАЕВ ВО СОБРАНИЕТО„Следен пат ако се повтори ова, ќе им одредам мерка притвор“, рече судијката Добрила Кацарска. - Крсто Мукоски утринава пристигнува во Основниот суд Скопје 1 (Фото: К. Попов)

    Обвинетите пратеници Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски не дојдоа на вториот дел од денешниот судски процес за организираниот напад на Собранието на 27 април лани, поради што судијката Добрила Кацарска се закани со притвор за тројцата.

    „Обвинетите Мукоски, Василевски и Арнаудов се на координација во Собранието и замолуваат за уште еден час пауза“, рече адвокатот на Василевски.

    „А знаете мене колку ми е битно дали се пратеници или обични граѓани? Може само да добијат построга казна. Што не кажавте прееска дека ќе им требало уште еден час пауза. Следен пат ако се повтори ова, ќе им одредам мерка притвор“, рече судијката Добрила Кацарска.

    Таа го прекина денешниот процес и го одложи за утре во 10 часот.

    Тројцата пратеници се дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и во моментов се на средба во Собранието со премиерот Зоран Заев и министрите Рената Дескоска и Никола Димитров во Собранието. Според најавите, тие разговараат за имплементирање на нивните сугестии за уставните амандмани и се дискутира дали нивните забелешки ќе влезат во нацрт уставните амандмани или ќе поднесат амандмани на нацрт уставните амандмани, предложени од Владата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира