ОТКАЖАНИ СЕ НАД 750 УВЕРЕНИЈА ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО, КАЖА БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ПРАВДА ПО АПСЕЊАТА ЗА ПОТКУП ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА БУГАРИ ВО СТРАНСТВО

    ОТКАЖАНИ СЕ НАД 750 УВЕРЕНИЈА ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО, КАЖА БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ПРАВДА ПО АПСЕЊАТА ЗА ПОТКУП ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА БУГАРИ ВО СТРАНСТВОИстражител пред Агенцијата за Бугари во странство за време на завчерашната акција. (Фото: БГНЕС)

    Бугарската министерка за правда Цецка Цачева кажа дека на над 750 лица им е откажано издавањето уверение за бугарско потекло во последните година дена, коментирајќи ја акцијата на бугарското специјално обвинителство во која беа уапсени 20-мина од Агенцијата за Бугарите во странство.

    Акцијата беше покрената по гласините дека службеници од агенцијата наплаќале илјадници евра за издавање фалш документи за бугарско потекло на граѓани од Македонија, Украина и Молдавија.

    Министерката Цачева вели дека фактот што има толку откажувања на уверенија за бугарско потекло потврдува дека има проблеми во Агенцијата за Бугарите во странство и најави измени на Законот за бугарско државјанство.

    Меѓу уапсените е и претседателот на агенцијата Петар Харалампиев, кој е обвинет за злосторничко здружување, примање поткуп и злоупотреба на службената должност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира