ИНДИЈА ЈА ОТВОРИ НАЈВИСОКАТА СТАТУА НА СВЕТОТ, ИЗГРАДБАТА ЧИНЕЛА 430 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ИНДИЈА ЈА ОТВОРИ НАЈВИСОКАТА СТАТУА НА СВЕТОТ, ИЗГРАДБАТА ЧИНЕЛА 430 МИЛИОНИ ДОЛАРИПосветена на Сардар Валабхбаи Пател, статуата е висока 182 метри (Фото: ПМО)

    Индија ја отвори највисоката статуа на светот, посветена на лидерот на борбата за независност Сардар Валабхбаи Пател. Висока 182 метри, таа се наоѓа во западната држава Гуџарат и за изградбата биле потрошени 430 милиони долари.

    Премиерот Нарендра Мори на отворањето кажа дека „статуата на единството“ ќе биде голема туристичка атракција, наспроти локалните жители, кои ја опишаа како непотребно трошење јавни пари.

    „Статуата е симбол на интегритетот и решителноста на Индија“, изјави Мори, додека воени авиони исфрлуваа цвеќиња врз неа.

    На бронзениот меморијал јавноста гледа како на личен проект на Мори, кој, како и Пател, потекнува од Гуџарат. Тој ја одобрил неговата изградба во 2010 година, додека беше шеф на државата.

    Таа е речиси двојно повисока од Статуата на слободата во Њујорк (93 метри), додека на второто место по височина е Пролетната статуа на Буда во Кина (128 метри).

    Сепак, статуата на Пател наскоро ќе биде надмината од онаа посветена на кралот Шиваџи во индиската држава Махараштра, која треба да биде висока 190 метри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира