ВЛАДАТА РАЗГЛЕДУВА ЛОКАЦИИ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, БАРДОВЦИ И ПЕТРОВЕЦ

    ВЛАДАТА РАЗГЛЕДУВА ЛОКАЦИИ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, БАРДОВЦИ И ПЕТРОВЕЦНа прашањето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски за изградбата на нов клинички центар, премиерот Зоран Заев рече дека за него засега најприфатлива е локацијата во Ѓорче Петров, а анализата на земјиштето во општината Петровец покажала дека земјата била мочурлива. (Фото:Ѓ. Личовски)

    За нов клинички центар владата разгледува три локации: Општина Ѓорче Петров, населбата Бардовци и општината Петровец.

    „Секоја идеја и предлог се добредојдени. Грубо, инвестицијата за проектот ќе биде 450 милиони евра, а се разгледуваат три локации во околината на Скопје: Бардовци, Петровец и Ѓорче Петров“, рече премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратеничко прашање.

    „Не треба да се гради по било која цена особено ако проектот нема капитален развој. За новиот клинички центар се предвидени 120 илјади метри квадратни. Формирана е комисија која како локации ги разгледува Бардовци, Ѓорче Петров и Петровец“, рече премиерот Зоран Заев на денешната седница на која се поставуваа пратенички прашања.

    За него засега најприфатлива е локацијата во Ѓорче Петров, а анализата на земјиштето во општината Петровец покажала дека земјата била мочурлива.

    Заев најави дека за неколку дена ќе биде објавена физибилити студијата, а потоа ќе се премине кон утврдување на идејното решение, па дури потоа ќе се утврдува локацијата.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, покрај прашањето за изградбата на новиот клинички центар, го праша Заев зошто средствата предвидени за отпис на долговите на општините не бидат поделени за проекти на секоја општина.

    „Ако имаат конкретни проекти да им се дадат парите. Вака ќе треба да се покриваат долгови и за кафеански сметки што ги правеле“, рече Димовски.

    Тој побара од Заев и да наброи кои странски фабрики почнале да се градат откако СДСМ дојде на власт.

    „Владата сака да се фали со извоз и со странски директни инвестиции. Факт е дека има покачување во степенот на странски инвестици, но најголем дел, тоа не се пари што доаѓаат од странство, туку од реинвестирана добивка создадена во фабриките изградени во времето на претходната влада“, рече Димовски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира