ВО ПРЕАМБУЛАТА ОДЛУКИТЕ НА АСНОМ СЕ ЗАМЕНУВААТ СО ПРОГЛАСОТ НА АСНОМ И СЕ ДОДАВА ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР, ГИ ПРЕТСТАВИ ЗАЕВ УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ

    ВО ПРЕАМБУЛАТА ОДЛУКИТЕ НА АСНОМ СЕ ЗАМЕНУВААТ СО ПРОГЛАСОТ НА АСНОМ И СЕ ДОДАВА ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР, ГИ ПРЕТСТАВИ ЗАЕВ УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИЗаев денеска во Владата зборуваше за текстот на уставните амандмани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека со вториот уставен амандман одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата. Заев денеска во Владата зборуваше за текстот на уставните амандмани, кои денеска влегуваат во собраниска процедура.

    „Првиот амандман се однесува на замена на зборот Македонија со Северна Македонија и тоа се прави насекаде во Уставот, освен во членот 36, каде што има историски аспект.

    Вториот дел е делот на Преамбулата, каде што одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата. Тој е дел од Уставот, вграден е, и тука само се додава формулацијата Охридски рамковен договор.

    Со третиот амандман се додава само еден став, републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.

    Четвртиот амандман, покрај потврдување на македонскиот идентитет стои дека републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината. Токму тоа е за дијаспората наша. Останува грижата, но на европски начин е направена преформулација на членот 49 за да не предизвика одредени други пречки во иднина и ќе стои и републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“, изјави Заев на прес-конференцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира