Владата со меомрандум ќе побара од Грција да го отвори граничниот премин Маркова нога меѓу Република Македонија Република Грција.
“Отворањето на граничниот премин на територијата на населено место Лемос на територија на Република Грција, општина Преспа, се смета за значителна интервенција во насока на јакнење на врските меѓу двете земји, како и сериозна развојна карактеристика која ќе донесе повеќекратни придобивки за животната средина, развој во областа на социјалата и економијата на заедничкиот пограничен регион, односно Охрид, Ресен, Кастори и Флорина“, се вели во владиното соопштение од денешната седница.
Со отворањето на граничниот премин со сите потребни придружни објекти на населението на населеното место Лемос и мулти функционалниот регионален здравствен центар во општина Преспа, ќе се постигне регионален развој
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу Владата го овластила пред претстојната средба на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција, да реализира средба со членовите на комитетот со цел да ги запознае со предлогот за отворање на граничниот премин „Маркова Нога“.
Половина век, жителите на Преспа чекаат да се дигне старата рампа и да се отвори граничниот премин. Последната најава беше од Давос на грчкиот премиер Алексис Ципрас дадена на средбата со македонскиот колега Зоран Заев за отворање на преминот Маркова Нога.
Во 1967 година Грција донела политичка одлука и го затворила преминот. Преминот се наоѓа во близина на Долно Дупени, Ресен.