НА ГРУЕВСКИ ОСТАНУВА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИЈАВИ САМ ВО ЗАТВОР, СУДОТ НЕ ГО НАЈДЕ ДОМА

    НА ГРУЕВСКИ ОСТАНУВА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИЈАВИ САМ ВО ЗАТВОР, СУДОТ НЕ ГО НАЈДЕ ДОМАAко не се пријави сам до полноќ во Шутка, велат велат од Кривичниот суд, бидејќи настапуваат два работни дена, Груевски може да си остане дома за викенд. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Осудениот експремиер Никола Груевски во петокот вечерта не е најден дома од судскиот доставувач кој отишол лично на рака да му го достави решението со кое му се одбива молбата за одлагање на затворската казна.

    Според официјалната потврда што ја добивме од Основниот суд Скопје 1, неговата сопруга Боркица Груевска на доставувачот му рекла и докажала дека тој навистина не бил дома кога дошол со решението дома кај нив.

    „Но, останува можноста тој самиот да се пријави во затворот во Шуто Оризари“, објаснуваат од Кривичниот суд.

    Процедурата од нивна страна е завршена. Бидејќи настапуваат два неработни дена, Груевски може да си остане дома за викенд. Но, ако не се пријави самиот во понеделник изутрина, решението ќе му биде дадено в понеделник кога има судење. Ако не дојде на судeње, се соочува со опасноста да се распише наредба за присилно спроведување во суд.

    „Оттука натаму сè е негова одлука“, велат во судот.

    Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 му ја одби жалбата Груевски на решението за издржување на затворската казна од две години, што треба да ја одлежи во затворот во Шутка, со што тој ги исцрпи сите редовни правни лекови за одлагање на казната.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира