ПОЛИЦИЈАТА И НОВИНАРСКИ ЕКИПИ ГО ПОБАРАА ГРУЕВСКИ ДОМА, НИКОЈ НЕ ОТВОРИ

    ПОЛИЦИЈАТА И НОВИНАРСКИ ЕКИПИ ГО ПОБАРАА ГРУЕВСКИ ДОМА, НИКОЈ НЕ ОТВОРИПолицајци пред станот на Груевски. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Полицијата вечерва го бара осудениот Никола Груевски откако доби известување од Основниот суд Скопје 1 дека судски доставувач не може да го пронајде да му врачи решение веднаш да се упати во затвор.

    Полицајци, а со нив и новинарски екипи, првин го побараа на адресата од лична карта, но никој не им ја отвори вратата од станот. Полицијата сè уште е во зградата на Бихаќка и акцијата е во тек.

    Оној момент кога ќе го најде, МВР присилно ќе го спроведе во затворот Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

    На сајтот на МВР е објавена национална потерница по Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира