УСТАВНИОТ СУД НЕ ЗАКАЖА СЕДНИЦА ЗА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВНИОТ СУД НЕ ЗАКАЖА СЕДНИЦА ЗА СЈО

    Уставниот суд само што го објави дневниот ред за седницата закажана в среда, но иницијативата за уставноста на Специјалното обвинителство ја нема. Нема објаснување зошто оваа точка не е ставена на дневен ред.
    Шарената револуција му даде рок на Уставниот суд до утре да закаже расправа за иницијативата, која го држи под притисок Специјалното обвинителство и му стои на патот слободно и непречено да ги води истрагите и предистражните дејствија за сомневањата за тежок криминал во власта, за кој произлегоа многу докази од прислушуваните телефонски разговори од страна на УБК, што ги објави опозицијата. Ако Уставниот суд до утре не поведе постапка, демонстрантите од Шарената револуција се заканија дека власта ќе ја земат во свои раце, неоткривајќи што ќе значи тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира