ЗАТВОР ЗА ТРОЈЦА РУСКИ НАВИВАЧИ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО МАРСЕЈ, ДЕПОРТАЦИЈА ЗА ДРУГИ 20-МИНА

    ЗАТВОР ЗА ТРОЈЦА РУСКИ НАВИВАЧИ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО МАРСЕЈ, ДЕПОРТАЦИЈА ЗА ДРУГИ 20-МИНА

    Тројца руски навивачи добија затворски казни за учество во насилството пред натпреварот помеѓу Англија и Русија во Марсеј на Европското првенство во фудбал.
    Француски суд ги осуди Алексеј Ерунов, Сергеј Горбачев и Николај Морозов на 24, 18 и 12 месеци затвор, соодветно. Претходно, француските власти соопштија дека 20-мина руски навивачи ќе бидат протерани од земјата следната недела поради нивната улога во насилството, што го ја одбележа првата недела од Европското првенство.
    Стефан Бујон, префектот на регионот, којшто го опфаќа и јужниот град Марсеј, кажа дека неименуваните навивачи ќе бидат депортирани в понеделник. Тој вели дека тие се осомничени за „учество во тепачките поврзани со натпреварот Англија-Русија на 11 јуни во Марсеј“ и засега се држат во притвор.
    20-мината кои ќе бидат депортирани беа дел од групата од 43-ца руски навивачи задржани од француските власти, откако нивниот автобус беше запрен од полицијата близу Лил за безбедносна проверка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира