ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО ОДОБРИ ДОГОВОРОТ ЗА БРЕГЗИТ ПО 18 МЕСЕЦИ ПРЕГОВОРИ

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО ОДОБРИ ДОГОВОРОТ ЗА БРЕГЗИТ ПО 18 МЕСЕЦИ ПРЕГОВОРИДоговорот сега треба да биде потврден во британскиот парламент, каде што тој нема поддршка од голем број пратеници (Фото: Ројтерс)

    Лидерите на 27-те земји-членки го усвоија договорот за повлекување на Велика Британија од Европска Унија, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

    Тие го поддржале договорот за брегзит по помалку од еден час дискусија и ова стана извесно откако Шпанија во последен момент го повлече своето противење поради статусот на Гибралтар.

    Договорот сега треба да биде потврден во британскиот парламент, каде што тој нема поддршка од голем број пратеници.

    Ова уследи по 18 месеци преговори помеѓу двете страни, кои почнаа кога Велика Британија го активираше членот 50 по успешниот референдум за брегзит во 2016 година. Планирано е Британија да излезе од ЕУ на 29 март 2019 година, но само доколку помине гласањето во парламентот, што треба да се случи во почетокот на следниот месец. Неговото одобрување засега не е загарантирано, бидејќи неколку партии ќе бидат против, вклучувајќи и конзервативци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира