МОРА ДА ИМ ОБЈАСНИМЕ НА ГРАЃАНИТЕ ДЕКА НЕКОИ ЕНЕРГЕНСИ НА КОИ СЕ ГРЕАТ СЕ ОПАСНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ МАКРАДУЛИ

    МОРА ДА ИМ ОБЈАСНИМЕ НА ГРАЃАНИТЕ ДЕКА НЕКОИ ЕНЕРГЕНСИ НА КОИ СЕ ГРЕАТ СЕ ОПАСНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ МАКРАДУЛИНа денешната јавна расправа во собраниската Комисија за транспорт и врски и екологија, Макрадули рече дека една од мерките за намалување на загадувањето ќе биде замената на нафтата со природен гас и купување на 20 илјади инвертори наменети за граѓаните; - Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули (Фото: СДК.МК)

    Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули рече дека треба да се влезе по домовите на граѓаните и да им се објасни дека некои енергенси на кои се греат се опасни по животот и придонесуваат за загадување на воздухот. На денешната јавна расправа во собраниската Комисија за транспорт и врски и екологија, Макрадули рече една од мерките за намалување на загадувањето ќе биде замената на нафтата со природен гас.

    „Ќе почнеме со институциите, училиштата, домовите. На илјада семејства ќе им се помогне да го променат начинот на загревање. Ќе се набават 20 илјади инвертори кои ќе греат и ќе ладат за семејства во Скопје, Тетово и други градови“, рече Макрадули.

    Проблемот со загадувањето може да го решат само заеднички власта и опозицијата.

    „Не бегам од одговорност. Најголема е одговорноста кај институциите. Поднесената информација за загаденоста на воздухот не е вистинита и се работи за паушални информации. Македонија е најзагадена земја, да. Но, податоците на Европската унија се однесуваат за 2015 и 2016 година. Тогаш не беше на власт СДСМ. Но, да ја оставиме политиката, тука мора заедно да најдеме решение. Немојте да ми кажете дека некој повеќе ја сака мојата ќерка и ви велам дека воздухот ќе биде чист“, рече Макрадули, во репликата на говорот на пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

    Ѓорчев рече дека итните мерки кои ги најавувала владата и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за намалување за загадувањето досега требале веќе да бидат имплементирани.

    „Ветувавте дека ќе донесете итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот, дека ќе пошумите големи површини. Нема ништо од тоа. Билбордите со ветувањата веќе се избледени“, рече Ѓорчев.

    Шилегов рече дека многу лошо е кога за една тема за која треба заеднички да се најде решение се користи политиканство, паушални обвинувања и се нема конкретни решенија.

    „Најголеми загадувачи на воздухот во Скопје не се индустриските капацитети, туку домаќинствата. Скоро 75 илјади домаќинства или 53 отсто, се греат на цврсти горива и со неисчистени оџаци. Над 22 отсто од загадувањето е од сообраќајот, од европското ѓубре коли што претходната влада дозволи да се увезат. Индустриските капацитети имаат многу низок удел во загадувањето“, рече Шилегов.

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја покренаа јавната расправа во Собранието на тема „Енормно загадување на амбиентниот воздух“.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира