ЗА РУИНИРАНИОТ ХОТЕЛ ВО ГОРНО ВРАНОВЦИ РАЗМИСЛУВАМЕ ДАЛИ ДА СЕ ПРОДАДЕ ИЛИ ДА СЕ ОТСТАПИ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО ТУРЦИЈА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА

    ЗА РУИНИРАНИОТ ХОТЕЛ ВО ГОРНО ВРАНОВЦИ РАЗМИСЛУВАМЕ ДАЛИ ДА СЕ ПРОДАДЕ ИЛИ ДА СЕ ОТСТАПИ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО ТУРЦИЈА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКАГрадоначалникот на Чашка Горан Стојановски разгледува две варијанти, Хотелот во Горно Врановци, да се продаде или да се отстапи на иселениците од турска Каршијака кои би го уредиле и користеле (Фото: СДК.МК)

    Хотелот во селото Горно Врановци, поранешно работничко одморалиште на велешани е во очајно лоша состојба. Руиниран, a поголем дел од имотот и инвентарот e украден. Празни ѕидови, празни соби, во идиличната слика на планинската околина. Пред еден месец градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски испратил вработени да го попишат инвентарот и да ја проверат состојбата.

    Хотелот во селото Горно Врановци е руиниран, a поголем дел од имотот и инвентарот e украден (Фото: СДК.МК)

    „За жал Хотелот е во крајно лоша, може да се каже и очајна состојба. Од претходното раководство имаше обиди да се продаде, но беа неуспешни. Ние како локална власт анализираме повеќе аспекти како да постапиме. Прв е повторно да се даде на продажба, а не знам дали има интерес. Втората е да се даде на иселениците од село Горно Врановци каде што се наоѓа. Неодамна бев во Каршијака, Турција, каде живеат некогашни мештани од ова село и со заменикот градоначалник, кој е токму од ова место, разговаравме и имаше идеја да го отстапиме на Општина Каршијака да го уреди, да биде куќа на иселениците од Горно Врановци кога доаѓаат во родното село да има каде да престојуваат, така би го добил вистинскиот сјај како некогаш“, вели градоначалникот Стојановски.

    Хотелот во Горно Врановци беше граден со средства од велешките претпријатија во време на социјализмот (Фото: СДК.МК)

    Додава дека ќе ги проучи законските прописи и ќе побараат и мислење од Владата на Македонија да се произнесе за сопственоста за да нема незаконитости во постапката.

    Хотелот во Горно Врановци беше граден со средства од велешките претпријатија во време на социјализмот. На 11 јуни 2012, Оштината Велес, со одлука на Советот, го поклони на Општина Чашка. За постапката за пренос на Хотелот во Горно Врановци во септември 2017, полицијата поднесе кривична против тогашниот претседавач на Општина Велес Славчо Чадиев, подоцна градоначалник а обвинителството отвори истрага за Злоупотреба на службената положба.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира