Претседателот на Собранието Талат Џафери денес беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со неговиот избор на 27 април 2017 година, по поднесена кривична пријава од битолско здружение на граѓани.
Џафери рече дека како граѓанин се одзвал на поканата да даде исказ.
„Јас како граѓанинот Талат Џафери се одзвав на поканата да дадам исказ. Тоа здружение не е во опсегот на моите размислувања, здружението може да кажува што сака“, рече Џафери.
Битолско здружение на граѓани поднесе кривична пријава за изборот на претседател на Собранието на 27 април лани, со образложение дека е противуставен и нелегален. На распит се повикуваат сите пратеници кои учествуваа во изборот на Џафери за претседател на Собранието. По Џафери, на распит беше пратеникот Горан Мисовски.
Г. ТРПЕНОСКИ