Маскотата Лео постојано е со англиските фудбалери на Европското првенство во Франција, но изгледа дека играчите го носат по казна.
Милата играчака се доделува на најслабиот играч на тренингот на англиската репрезентација, откри „Сан“. Дефанзивците Крис Смолинг и Џос Стоунс беа први видени како го носат Лео, а потоа играчката се најде во рацете на Вејн Руни. Денеска, бебиситер на симпатичниот лав беше Џек Вилшир.
Комитет од поискусни фудбалери решава кој бил најлош на тренингот и се верува дека Руни е дел од комитетот, но очигледно бил надгласан од колегите и ја доби на чување маскотата по натпреварот со Велс.
Дополнително, англиските репрезентативци смислиле цел систем на казни, ако нешто лошо и се случи на маскотата или ако исчезне.
Изворот на „Сан“ вели дека играчите смислуваат детални планови како да го украдат Лео од задолжениот играл, кој потоа би бил казнет.