ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ДА ПОДНЕСАТ БАРАЊЕ ДО ФЗОМ ЗА АНЕКС НА ДОГОВОРИТЕ СО КОЈ СЕ СТАВА МОРАТОРИУМ НА КАЗНИТЕ

    ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ДА ПОДНЕСАТ БАРАЊЕ ДО ФЗОМ ЗА АНЕКС НА ДОГОВОРИТЕ СО КОЈ СЕ СТАВА МОРАТОРИУМ НА КАЗНИТЕПретседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија д-р Лилија Чолакова Дервишова вели дека продолжувањето на рокот за вадење дигитален квалификуван потпис е на нивно барање, бидејќи рокот што го добиле од ФЗОМ бил премногу краток, и лекарите не можеле навреме да купат (Фото: СДК.МК)

    Матичните лекари, стоматолозите, гинеколозите и аптеките ќе можат до 20 овој месец да поднесат барање до Фондот за здравствено осигурување за продолжување на досегашните петгодишни договори за нови шест месеци. Ова било одлучено на денешната средба во Фондот со трите комори, односно Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора.

    Дигитални квалификувани сертификати пак ќе можат да обезбедат до 25 овој месец, за да можат да го потпишат анексот на договорот до крајот на годината.

    Претседателката на Лекарската комора на Македонија д-р Калина Старделова Гривчева вели дека со ФЗОМ договориле да се потпише анекс на договорот со избраните лекари и со аптеките за негово продолжување во наредните шест месеци.

    „Договоривме во овој период да има мораториум на казнените одредби од постоечките договори, додека посебна група заеднички не изготви нов правилник за казнената политика на Фондот кон избраните лекари и аптеките“, вели д-р Старделова Гривчева.

    Претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија д-р Лилија Чолакова Дервишова вели дека продолжувањето на рокот за вадење дигитален квалификуван потпис е на нивно барање, бидејќи рокот што го добиле од ФЗОМ бил премногу краток и лекарите не можеле навреме да купат.

    „Во делот на казнената политика бараме казната да биде процент од просечна исплатена плата, а не како сега од 25 до 50 отсто од цела капитација, која е за работа на амбулантата. Во договорите што ни ги понудија беше предложено казната да биде цела капитација. Ние не бегаме од одговорноста, ако некој згрешил да биде казнет, но не може вакви драконски казни. Затоа е договорено да има анекси на договорите додека не се усогласиме околу казните“, вели д-р Чолкаова Дервишова.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира