ЦРНА ГОРА И АЛБАНИЈА ГИ ОБЕЗБЕДИЛЕ СНИМКИТЕ ОД БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ, РУСКОСКА ЌЕ ИСТРАЖУВА КОЈ ГИ СЛИКАЛ НЕГО И ОБВИНЕТИОТ ТРАЈКОВСКИ ВО БУДИМПЕШТА

    ЦРНА ГОРА И АЛБАНИЈА ГИ ОБЕЗБЕДИЛЕ СНИМКИТЕ ОД БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ, РУСКОСКА ЌЕ ИСТРАЖУВА КОЈ ГИ СЛИКАЛ НЕГО И ОБВИНЕТИОТ ТРАЈКОВСКИ ВО БУДИМПЕШТАВо наредните две недели треба да бидат соопштени досегашните сознанија во предистражната постапка. - Обвинителката Вилма Рускоска пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Обвинителката Вилма Рускоска, која ја води истрагата за бегството на осудениот експремиер Никола Груевски, кажа дека од колегите од Црна Гора добила информација дека ги обезбедиле потребните снимки од камерите и следната недела ќе одат да ги преземат, а ќе бидат прегледани и снимките од Албанија. Груевски побегна во Унгарија преку Албанија, Црна Гора и Србија.

    На денешната конференција за Итните реформски приоритети во Скопје, таа рече дека во наредните две недели треба да бидат соопштени досегашните сознанија во предистражната постапка.

    За фотографијата со Груевски во Будимпешта, објавена вчера, Рускоска најави дека ќе истражува од каде потекнува и кој ја сликал.

    „Јас синоќа ја видов фотографијата, така што веројатно ќе видиме од каде потекнува и кој сликал. Во обвинителството ќе бидат повикани сите за кои сметам дека може да дадат одредени информации во врска со бегството. И досега сослушував лица од неговото обезбедување, така и ќе продолжиме во таа насока“, рече Рускоска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде повикан на распит Александар Трајковски, кој е фотографиран со Груевски, а обвинет во предметот на СЈО Насилство во Општина Центар.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира